Соопштение за јавност
Министерството за земјоделство во обид да го одбрани Миленко Неделковски, само потврди дека фирмата на фамилијата Неделковски, НАТУРАЛ ФУД ДОО – Градско, во 2009 година добила на користење 186 хектари пасиште во селата Долно Чичево и Подлес.
Според тековната состојба на корисникот на концесијата НАТУРАЛ ФУД ДОО – Градско издадена на 29.12.2015 година сопственици на фирмата се Виолета Неделковска и Друштвото за продукција ВОНДЕР ИНТЕРНАЦИОНАЛ- М ДООЕЛ – Скопје.
Според тековната состојба на ВОНДЕР ИНТЕРНАЦИОНАЛ – М ДООЕЛ – Скопје, сопственик е Виолета Неделковска, а управител Миленко Неделковски, миленикот на Никола Груевски.
Сите имаат иста адреса и место на живеење.
Министерството за земјоделство призна и нерационално користење на добиените пасишта од страна на Неделковски.
Според договорот, фирмата НАТУРАЛ ФУД ДОО – Градско го добила пасиштето наменето за 744 грла добиток со 60 кози, а за 6 години омилениот водител на Груевски, Миленко, го зголемил стадото за 130 грла што е близу 4 пати помалку од оптимална бројка.
Вака се толерираат мегафоните на власта и вака Никола Груевски ги наградува неговите послушници и платеници.
Граѓаните ќе го казнат ваквото владеење на Никола Груевски.
Збогум Никола!
Скопје, 05.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА