fbpx

ПИОМ кукавички повлекол придонеси со одложено плаќање и затезни камати?!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Дали ПИОМ пред време ги собрал парите од фирмите коишто имале договори за одложено плаќање на придонесите?

Дали за овој кукавички чин, Пензискиот фонд им наплатил на фирмите и затезна камата којашто не требало да ја наплаќаат?

Груевски и Ставрески повторно преку исцедените граѓани и фирми ја пополнуваат огромната дупка што ја создадоа во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Никола Груевски сака да зборува за пензиите во септември 2016 кога тој нема да биде премиер, зашто за време на неговото владеење го донесе ПИОМ пред банкрот.

Поради тоа половина од пензиите се исплаќаат од буџетот на Р.Македонија, а за исплата на пензиите Ставрески и Груевски ги задолжуваат граѓаните со нови кредити.

Дополнително, невиден грабеж е направен и во приватните пензиски фондови со знаење на Груевски и Ставрески.

За ова кривично дело со одговорност ќе се соочат сите инволвирани во скандалот од врвот на власта и раководствата на МАПАС и ПИОМ и тоа од стотиците илјади осигуреници од приватните фондови и други оштетени граѓани, доколку Јавното обвинителство не реагира.

За септември 2016 власта на Груевски може да планира, но само како ќе се соочи со одговорноста за криминалот со којшто им одзедоа 10 години живот на граѓаните.

 

Скопје, 05.01.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести