fbpx

И Република е фатена

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

И Република не знае што да каже за приходите од над 1.1 милион евра во коишто е фатена.

Гласилото Република, според официјални податоци од Централен регистар, за период од три години остварила приходи над 1.1 милион евра!

Ако не Курир, Република би можела да им каже на граѓаните како се заработуваат 1.1 милион евра.

Приходот на Курир е 1.3 милиони евра, а на Република 1.1 милион евра.

Само две гласила под контрола на власта на Груевски, оствариле неверојатни 2.4 милиони евра.

Во услови кога граѓаните и фирмите едвај преживуваат, пропагандата на Груевски и Мијалков работи како фабрика за пари.

Под медиум се подразбира транспарентрно, објективно и професионално работење.

Но Република како и Курир не се медиуми, не ги интересираат потребите на граѓаните, туку потребите на власта, зашто преку власта ги цицаат парите на граѓаните.

Брзо ќе стане јасно, како се финансира Република и за што е платена.

Скопје, 05.01.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести