fbpx

Курир е фатен

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Гласилото Курир 23 дена се мачи да измисли од каде му се приходи од 1.3 милиони евра, но не може, зашто тоа не се правда.

Граѓаните би сакале да знаат како во незапаметената сиромаштија во Македонија, се заработуваат 1.3 милиони евра и што е тоа што тие не го знаат, а Курир го знае.

Но Курир ако зборува за приходите од 1.3 милиони евра, треба да почне од нивната поврзаност со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Фирмата сопственик на Курир, ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е поврзана со фирмата НВСП.

Оваа фирма, НВСП, е основач на агенцијата за обезбедување СГС.

Зад СГС стои лично братучедот на премиерот во заминување, Сашо Мијалков.

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ.

Стајковиќ е близок и до кумашинот на Мијалков, Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-Мобиле Македонија.

Во Вистината за Македонија граѓаните слушнаа за поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел.

Курир треба да каже, дали приходите од 1.3 милиони евра му се за пропагандата и за лагите со коишто ги труе граѓаните за да ја штити расипничката власт на Груевски и Мијалков?

Курир е гласилото од коешто Груевски ја спроведува уредувачката политика во медиумите под негова контрола.

Се што ќе објави Курир, мора да се најде во првите прилози на телевизиите Сител, Канал 5, Алфа, вклучително и Македонската Радио Телевизија.

Ова нема врска со транспаретно, непристрасно и одговорно работење на едно гласило коeшто сака биде медиум.

Курир нема да може долго да молчи како заработува.

Брзо ќе се потврди што е Курир и како се финансира.

Скопје, 05.01.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести