Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ призна дека го диригира работењето на јавната установа МАРнет.
ВМРО-ДПМНЕ самата во реакцијата се расфрлува со домеини за регистрација во МАРнет.
Како од ВМРО-ДПМНЕ знаат кој е украден назив за регистрација на интернет страница?!
Партијата на Груевски, спротивно на законот се меша во работата на државната установа.
Груевски и во последните денови од неговиот мандат се обидува да злоупотребува институции за партиски цели.
Не може да разбере Никола Груевски, готово е!
Збогум Никола тој повеќе не е во ситуација да го спречи.
Ќе се дознае како од МАРнет дозволиле кражба на домејнот купен од СДСМ, кои други физички и правни лица ги оштетила јавната установа и за кого работат, за граѓаните или за власта.
Функционерите од врвот на власта на Груевски и нивните соработници кои работат на штета на интересите на граѓаните ќе одговараат.
Тоа е незапирлив процес.
Збогум Никола!
Скопје, 04.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА