fbpx

Молк во “Радио слободна Македонија” како со еден вработен се стекнало со високи приходи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Кај медиумските курири на уредникот Никола Груевски завладеа тишина за високите, милионски приходи.

Не само „Курир“ и „Република“, и “Радио слободна Македонија” молчи за високите приходи.

Според податоците од Централниот регистар, „Радио слободна Макдонија“ во 2013 година само со еден вработен „Радио слободна Македонија“ остварила 242.000 евра приходи.

Како е можно со само 1 вработен “Радио слободна Македонија” да оствари приходи од 242.000 евра?

Заедно со 2014 година вкупниот приход на “Радио Слободна Македонија” изнесува над 617.000 илјади евра.

Јавноста знае дека еден од сопствениците на радиото Слободна Македонија е фирмата НВСП.

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Преку проектот Вистината за Македонија, јавноста дозна НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто лично стои Мијалков.

“Курир” три недели молчи за поврзаноста на фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на “Курир”, со Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП на Стајковиќ.

Вистината за Македонија исто така откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три владини медиуми, коишто за три години, оствариле приходи од 3 милиони евра!

Од каде им се милионските приходи на медиумите коишто ги уредува Никола Груевски?

Дали пропагандата по нарачка на Никола Груевски, за прикривање на криминалот и корупцијата во изминатите 10 години, се плаќа со пари на граѓаните?

 

Скопје, 04.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести