Соопштение за јавност
Почитувани,
Со проектот „Вистината за Македонија“ на видело излезе целата вистина за тоа, како функционери на ВМРО-ДПМНЕ нарачуваат лажни лични карти, како сместуваат по 50 „човечиња“ во еден стан, како рекетираат, казнуваат и затвораат невини луѓе!
Хаосот кој ВМРО-ДПМНЕ го создава во јавноста, нема да го спречи Министерот Оливер Спасовски, темелно да ги разоткрие сите злоупотреби поврзани со фалсификуваните лични карти!
ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие фактот за нарушената безбедност во Прилеп.
Во неколку месеци власта на Груевски, постави 17 инспектори во прилепската полиција со несоодветно образование. Овој кадар со нивната некадарност и неспособност придонесе за нарушената безбедност на граѓаните во Прилеп и огромен број неразрешени кражби и разбојништва.
Затоа граѓаните на Прилеп, бараат да се вратат професионализмот во прилепската полициската станица.
Ние не ги делиме граѓаните на ваши и наши, кога е прашање безбедноста. ОК на ВМРО-ДПМНЕ најдобро знае дека дел од кражбите во изминатиов период, се извршени во куќи на нивни истакнати активисти и функционери.
Уште еднаш ги повикуваме, Државниот секретар во МВР, прилепчанката Анастасија Илиеска и ВД командирот на полициската станица во Прилеп, Дејан Цветаноски, да понесат лична одговорност за ваквите состојби и да поднесат оставки.
ОО СДСМ Прилеп