fbpx

Граѓаните од пелагониско без задолжувања можеа да добијат топлинска енергија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку пратеничка группа во Собранието на РМ, јасно потврди дека ја подржува секоја можност граѓаните на РМ да имаат подобри услови за живот.

Гласајќи за проектот за топлификација на Битола и околните општини, СДСМ покажа дека секогаш е на страна на граѓаните. И покрај тоа што знаевме дека Никола Груевски уште еднаш предизборно ќе објави нешто виртулено, за чија изведба ни тендер не е распишан.

Иако за СДСМ многу поприфатлив е проектот за гасификација, проект којшто е економски пооправдан и поекономичен, и од еколошки апскет подобар, сепак дадовме поддршка.

После цели 10 години, СДСМ и граѓаните знаат дека Никола Груевски, пред заминување, ниту има намера ниту има можност да реализира проекти, најмалку за гасификација.

Никола Груевски со години мислеше само на тендерските и бизнис зделки за фамилијата и братучедот Мијалков, и нивно лично богатење.

Денеска Никола Груевски не може да се пофали со почеток на нов проект.

Денеска Никола Груевски ќе се фали со потпишување на нов кредит.

Никола Груевски може да се пофали само дека ги задолжил граѓаните за нови 39 милиони евра, заедно со кумот Ставрески.

А само ако се откажеше од услугите од разни „сеат ибици“, „горановци“ и слични шеми на функционирање, коишто ги покажа проектот „Вистината за Македонија“, и ископот во РЕК Битола се вршеше со сопствена механизација, тогаш за само две години овие 39 милиони евра ќе беа заштедени, а граѓаните на Пелагонискиот крај без задолжувања ќе добие топлотна енергија. А не се само две години во прашање. Ова трае 10 години.

Затоа граѓаните го очекуваат заминувањето на Никола Груевски.

Збогум Никола!

Скопје, 29.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести