Соопштение за јавност
“Радио слободна Македонија” е уште еден провладин медиум, покрај “Курир” и “Република”, за којшто е нејасно на каков начин се стекнува со високи приходи.
Според податоците од Централниот регистар, „Радио слободна Македонија“ во 2012 остварила приход од 2.000 евра.
Но, во 2013 година заработката на провладината “Радио Слободна Македонија” рипнала на 242.000 евра. Тоа е годишно зголемување на приходите од 240.000 евра!
Како што покажува документот во прилог овие 242.000 евра ги обезбедил само 1 вработен во „Радио слободна Македонија“!
Како е можно само 1 вработен да оствари приходи од 242.000 евра?
Заедно со 2014 година вкупниот приход на “Радио Слободна Македонија” изнесува над 617.000 илјади евра.
Јавноста знае дека еден од сопствениците на радиото Слободна Македонија е фирмата НВСП.
Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.
Преку проектот Вистината за Македонија, јавноста дозна НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто лично стои Мијалков.
“Курир” две недели молчи поради поврзаноста на фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на “Курир”, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП на Стајковиќ.
Вистината за Македонија исто така откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.
Професионалните и етички новинарски стандарди подразбираат транспарентно, непристрасно и објективно известување, за овие провладини медиуми очигледно не важат.
Јавноста очекува одговори како Радио Слободна Македонија само со еден вработен стекнала големи приходи?
Скопје, 27.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА