Изјава за медиуми, претседател на СДСМ, д-р Венко Филипче
Претседателот Филипче на одбележување на 83 годишнината од масакрот на младинците во Ваташа
Ви благодарам за присуството.
Денеска присуствуваме на одбележувањето на 83-годишнината од масакрот, убиството на младинците тука во Ваташа од страна на бугарскиот окупатор. Ова нѐ учи дека политиките на омраза и на поделба единствено до што водат се трагедии.
Затоа имаме обврска денес, во денешно време, да ги зајакнуваме демократијата, владеењето на правото и сите вредности и политики коишто произлегуваат како одговор од ужасите од Втората светска војна.
Благодарам.










