Соопштение за јавност
Пред заминување, Никола Груевски се расфрла со нови, лажни, виртуелни проекти.
Граѓаните немаат доверба во Никола Груевски, ја чекаат неговата оставка.
Никола Груевски и Никола Тодоров се главните виновници за хаосот во здравството и нефункционирањето на системот на здравствена заштита.
После хаосот што заедно со својот миленик Никола Тодоров го создаде во здравството, Никола Груевски нема образ, нема кредибилитет да најавува било што.
Здравствениот систем во Македонија е целосно срушен, болниците се руинирани, граѓаните не добиваат квалитетни здравствени услуги, лекарите немаат основни услови за работа, се случува пукање врз лекарите по клиниките, умираат родилки и бебиња…
Македонија, според Еуростат е на врвот на листата со починати новороденчиња во Европа.
Последните студии покажуваат морбидни податоци дека во Македонија умираат дури 14 бебиња на илјада живородени.
Дури 200 лекари годишно заминуваат од земјава. Стандардот во ЕУ е 362 лекари на 100.000 жители, а во Македонија се 20% помалку.
Тоа значи дека на Македонија и недостасуваат над 2.000 лекари за да може да го постигнеме минимумот за достапност на здравствените услуги до секој граѓанин.
Според Светска банка, 1.350 смртни случаи годишно во Македонија се случуваат како последица од болести на дишните патишта и рак поради изложеност на загаден воздух.
Според последните извештаи на Фондот за здравство, на крајот на јуни 2015 година, долговите на јавните здравствени установи се над 51 милион евра, а обврские се над 70 милиони евра.
Никола Груевски и Никола Тодоров се најлошиот „вирус“ што создаде хаос во здравството.
На изборите следува чистење на сите валкани политики на Никола Груевски кои го загрозија најскапото нешто, здравјето на граѓаните.
Збогум Никола!
Скопје, 26.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА