Соопштение за јавност
Од денеска официјално почна примената на Шенгенскиот систем за влез и излез (EES) на границата со Грција.
Граѓаните на Македонија кои сакаат да влезат во Европската унија сега ќе мора да чекаат со часови, да даваат биометриски податоци и да стојат во долги редици.
Ова не е технички проблем. Ова е директна последица на политиката на изолација што ја спроведува Христијан Мицкоски и oрганизована криминална група ВМРО.
Мицкоски изјави дека Македонија ќе чека со децении за влез во Европската унија.
Сега, благодарение на неговата политика, граѓаните ќе чекаат и со десетици часови само за да ја преминат границата и да влезат во ЕУ.
Сезоната уште не е почната, а на границите веќе има хаос.
Границите со ЕУ денес изгледаат точно како што изгледа и политиката на Мицкоски – затворени, изолирани и без перспектива.
Додека обичните граѓани, семејствата со деца и пензионерите ќе стојат со часови на граница, министрите, директорите на јавни претпријатија и пратениците од тендер коалиција веќе одамна имаат бугарски пасоши и без проблеми патуваат низ Европа.
Тие не чекаат. Тие не се изолирани. Тие уживаат во сите придобивки на Европа, додека на граѓаните им порачуваат да не патуваат, туку да летуваат дома.
Некои од нив ќе одат на море и со државниот авион, затоа што „ги болат колената“ а обичниот граѓанин нека седи дома, со празен паричник и празен фрижидер.
Организираната криминална група ВМРО не се грижи за граѓаните. Тие се грижат само за себе – за тендери, за државни авиони и за лични привилегии.
Граѓаните се оставени сами да плаќаат цена за нивната политика на изолација и неуспех.
Границите се само огледало. И она што го гледаме на нив е иста слика што ја имаме и во економијата, и во европскиот пат, и во секојдневниот живот – изолација, чекање и неисполнети ветувања.



