Соопштение за јавност
Власта којашто затвори над 10.000 фирми и загрози онсовна егзистенција на повеќе од 10.000 семејства, со арач политиките, нема никакво морално право да промовира стари проекти за самовработување.
Граѓаните повеќе не му веруваат на Груевски!
Ефектите од неговите егзекуторски политики во економијата имаат точни бројки! 626.312 граѓани ја напуштиле земјава, од кои повеќето се млади!
Над 500 000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата.
Ако беа успешни проектите на власта за самовработување немаше младите да земаат билет во еден правец.
Од виртуелните политики за вработување и самовработување во Македонија имаме историски најголема невработеност на младите од над 50%!
Никола Груевски се фали дека со нов виртуелен проект за самовработување треба да отвори нови 920 микро фирми.
Дали може власта којашто затвори над 10 000 фирми со своите егзекуторски економски политики, да помага наводно отварање на нови 920 фирми?
Граѓаните повеќе не му веруваат на Груевски, затоа што измисли астрономски казни од по 3.000 евра коишто ставија катанци на нивната основна егзистенција, нивните фирми.
Граѓаните повеќе не му веруваат на Груевски затоа што тој е главниот уништувач на бизнис климата за домашните претпријатија.
Граѓаните знаат дека Груевски ќе им даде 1 денар , но ќе им земе 5 , кога ќе им тропне на врата со инспекции за казни и давачки.
Малите и средните претпријатија на Груевски му служат само за полнење на буџетската каса со казни и давачки. Најголем доказ за тоа е неговата вртуелна грижа за малите и средни претпријатија која со години изнесува 123 денари по фирма годишно.
За силна домашна економија и силни мали и средни претпријатија СДСМ во Програмата предвидува изградба на старт-ап центри во сите поголеми општини во Р.Македонија.
Граѓаните ќе имаат можност да започнат свој бизнис, со само 1 евро за регистрација на посебно трговско друштво.
Во овие старт-ап центри ќе ги имаат сите потребни услови за отпочнување на сопствен бизнис, и подршка во материјали и експертиза во период од 2 години.
Најдобрата инвестиција што граѓаните ќе ја направата за себе е тоа што ќе го испратат Груевски во историјата.
Збогум Никола!
Скопје, 25.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА