Соопштение за јавност
Граѓаните од цела Македонија секојдневно дишат екстермно загаден воздух.
Во Скопје и Тетово загадениот воздух достигнува фрапантни 18 пати повисоки концентрации на опасните ПМ10 честички што е исклучително опасно по здравјето на граѓаните.
Во Битола и Кичево концентрацијата на ПМ10 честичките изнесуваат високи 9 над дозволеното, додека во Кавадарци и Велес речиси 8 пати над дозволената граница.
Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ цели 10 години не превземаа ништо за да се реши проблемот со енормно загадениот воздух.
И покрај бројните апели, и покрај сите ризични последици, Груевски нема слух за овој сериозен проблем којшто е опасен по здравјето на граѓаните.
„Дил ориентед“ политиките на Никола Груевски се фокусирани на богатењето на фамилијата, бизнис интересите на братучедот Мијалков, чоколадите на кумот Ставрески. Здравјето на граѓаните за Груевски и фамилијата е неважно.
СДСМ се грижи за здравјето на граѓаните и бара веднаш да започне примена на конкретните мерки:
– Да се воведе субвенција за јавниот градски превоз која ќе важи за сите во зимските месеци.
– Наместо тајно и преку ноќ да се атакува на последните дрвја што се обидуваат да ни дадат малку кислород, градот Скопје итно да забрани сеча на постојните дрва и да започне со санирање на сите уништени зелени површини.
– Да се воведат грантови за инсталирани соларни панели, грантови за изолација на објекти и инсталација на енергетски ефикасни апарати.
– Да се зголемат средствата на Министерството за животна средина и просторно планирање во делот на заштита на животната средина.
Граѓаните се обединети против политиките коишто им го загрозуваат животот.
Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!