fbpx

Груевски и Јанкулоска во скандалот со издавање и печатење лични карти

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Се потврди зошто Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се избезумени.

МВРО на Никола Груевски, на чело со Гордана Јанкулоска издавало и печатело незаконски лични карти, со што незаконски овозможиле лица кои немале право на глас, да гласаат!

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ затоа немаат трпение и затоа се во хистерична паника на конструкции со медиумската пропаганда.

Груевски и неговите соработници мора да ги дадат сериозните одговори на јавноста:

-Како лица кои немале лична карта, ги има во Избирачкиот список?!

-Како им биле издавани лични карти на лица кои немале документ каде живеат, односно немале решение за живеалиште?!

Нели решението за живеалиште е клучниот документ без којшто не смее да биде издадена лична карта?!

По потврдените брутални злоупотреби на лични карти за избори и индентитети на граѓани од страна на МВРО на Груевски и Јанкулоска очекуваме Специјалното јавно обвинителство да го разоткрие до крај овој скандал во којшто се вмешани највисоки функционери од власта на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје, 23.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести