fbpx

Кирацовски на трибина со административните службеници во Кичево

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Почитувани

Дополнителниот заменик на министер за информатичко општество и администрација, м-р Алексадар Кирацовски, вчера (22.12.2015 Вторник) одржа трибина со група на административни службеници во Кичево.
На истата беше разговарано за состојбите во администрацијата, проблемите и предизвиците со кои се соочуваат, потребата за законски промени на законот за државни службеници, особено во делот на оценувањето и казните предвидени во тој дел.

Присутните го изразија своето незадоволство во однос на законот за административни службеници и дадоа свои предлози и сугестии за промена и подобрување на истиот.

Дополнителниот заменик на министер за информатичко општество и администрација, м-р Алексадар Кирацовски ги охрабри административците да си ги бараат своите права и да се изборат нивниот глас да биде слушнат, бидејќи тие се професионалци во својата област и една од клучните алки за функционирање на општеството. Нивното мислење треба и мора да се почитува со цел да се унапреди администрацијата и истата да биде попродуктивна и поефикасна.

 

 

Последни вести