fbpx

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ работат за арач политиките на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ работат за арач политиките на нивниот шеф Никола Груевски, а не за интересите на граѓаните.

Нови давачки, нови казни за нивно неплаќање и нови извршители на врата ги чекаат граѓаните кои не користат парно греење, а добиваат сметки.

Овие граѓани понатаму ќе имаат обврска да плаќаат за парното што не го користат, поради пратениците на Груевски во Собранието.

Праниниците на ВМРО-ДПМНЕ го одбија предлогот на опозицијата граѓаните кои се исклучени од системот на парно греење да не плаќаат сметки.

Со тоа ги оставаат рацете на Груевски и Ставрески да ги празнат до последен денар џебовите на граѓаните.

Поради Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на Македонија и се случува незапаметена сиромаштија.

Поради Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ над 500.000 граѓани живеат незидржливо, под прагот на сиромаштија.

Поради Груевски и ВМРО-ДПМНЕ над 180.000 граѓани во Македонија живеат бедно, со по 40 денари на ден.

СДСМ, како што најавивме во Програмата ќе ги укине сметките за парно за граѓаните кои се исклучени од системот на парно греење!

Граѓаните имаат идеја за Груевски:

Збогум Никола!

Скопје, 18.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести