Соопштение за јавност
Почитувани,
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнето се сретна со претставници на граѓанските организации и невладиниот сектор од Граѓаните за Македонија.
Целта на средбата, во рамки на принципиелната соработка на СДСМ со граѓанскиот и цивилниот сектор, беше размена на мислења за актуелната политичка криза во Република Македонија.
Заеднички е ставот дека се прифатливи само слободни, чисти, фер и демократски предизборен и изборен процес.
-Избори ќе има само и единствено кога ќе бидат исполнети сите предуслови за кристално чисти избори, соопшти претседателот Заев.
Скопје 17.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА