Соопштение за јавност
Предизборните обиди за манипулирање на јавноста со нови лажни, виртуелни проекти на Никола Груевски се целосно неуспешни.
Доцна е за Никола Груевски.
Поради Никола Груевски и фамилијата 626.312 граѓани, пред се млади образовани луѓе, заминале од Македонија.
Човекот којшто ги избрка младите од Македонија сега виртуелно ќе најавува бесплатни проекти за куќи за младите до 35 години?
„Мега проект“ на Никола Груевски во изминатите 10 години беше неговото лично богатење, матните бизнис зделки на братучедот Мијалков, чоколадите на кумот Ставрески…
Затоа младите бараат промени и имаат една мега идеја: збогум Никола!
Скопје 17.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКАРТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА