fbpx

ВМРО-ДПМНЕ го потврди незаконското наплаќање на арач за фирмите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО ДПМНЕ потврди дека противзаконски ќе се наплаќаат од фирмите 60 евра за воспоставување на врска помеѓу GPRS апаратот и УЈП!

ВМРО ДПМНЕ потврди дека бескрупулозно ќе наплаќа арач од 60 евра од фирмите иако тие немаат закоснка обврска за тоа!

Со високите казни на Груевски од по 3000 евра се затворија голем број мали и средни претпријатија, мали бизниси и семејни фирми.

Потоа се измислија таканаречените патриотски фискални каси чијашто примена падна на Уставниот суд.

Колку пари на фирмите се заробија во овие т.н патриотски фискални каси?

Груевски сакаше да им воведе противуставни патриотски фискални каси на фирмите, а сега сака противзаконски да собира пари за новите GPRS каси.

10 000 фирми се затворени како резултат на ваквите брутални политики на Груевски и ВМРО ДПМНЕ!

21 000 фирма е со блокирана сметка.

Граѓаните видоа дека Груевски и Ставрески длабоко брцнаа во нивните џепови и во касите на фирмите.

Затоа граѓаните имаат идеја: збогум Никола!

Скопје 17.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКАРТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести