Соопштение за јавност
И надвор од Македонија провален е лажниот партиотизам на Никола Груевски.
Лажниот партиотизам на Груевски граѓаните на Македонија веќе го знаат.
Слушнаа граѓаните лично од Никола Груевски и како размислувал за промена на името на државата и како прифатил!
Во разговорот со Антониот Милошоски, Никола Груевски вели:
“И сега мучкаме што да правиме… Нашиов вика дали да одиме со пред Република. …Ова да речеме, долу-горе, знаеш тие работи“.
А Милошоски му одговара:
“Ако е со тоа, нека се проба. Од сите лоши варијанти оваа може…“.
Слушнаа граѓаните и поконкретно, како Никола Груевски кажува:
“…Он даде предлог, нешто као компромисен, ГО МИСЛЕВМЕ НЕКОЛКУ ДЕНА И ГО ПРИФАТИВМЕ. И он вика е сега, сега треба ја моиве да ги убедам“ .
Никола Груевски е потонат во лицемерие и лаги.
Затоа му беа потребни домашните медиуми што ги окупираше. За сите да му бидат виновни, а тој да може да создава виртуелни инвестиции, виртуелни работни места, виртуелен патриотизам преку којшто ќе се одржува на власт.
Граѓаните го препознаваат виртуелниот свет на Груевски.
Нема веќе “мучкање“.
Збогум Никола!
17.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА