fbpx

Итни мерки за намалување на загадувањето и оставка од Коце

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Состојбата со загадувањето на воздухот од ден на ден станува се повеќе алармантна и крјано загрижувачка.

Секојдневно граѓаните на Македонија буквално се гушат од загаден воздух со огромни концентрации на канцерогени ПМ 10 честички.

Подолг временски период граѓаните дишат по 10 па дури и 20 пати позагаден воздух од дозволеното.

Синоќа, во вечерните часови, во Скопје и Тетово ПМ 10 честичките изнесуваа 14 пати над дозволеното, додека во Битола и Кавадарци 8, односно 5 пати над дозволената граница.

Последиците од загадениот воздух по здравјето на граѓаните се сериозно опасни.

Годишно во Македонија има 1.350 смртни случаи предизвикани од болести на дишните патишта поради штетните и канцерогени честички во загадениот воздух, според Светска Банка.

И после сите фрапантни податоци за бројот на смртни случаи како резултат на загадениот воздух, власта на Никола Груевски ниту реагира, ниту има во план ефикасни мерки за спречување на загадувањето.

Напротив. Коце Трајановски, извршителот на Никола Груевски и покрај сите реакции и апели од јавноста, бесрамно продолжува со кастрирање и на тоа малку зеленило што остана. Дури и денеска се случи сечење на дрвјата позади домот на АРМ.

Коце Трајановски го уништува Скопје на штета на здравјето на граѓаните. Коце Трајановски веднаш да си поднесе оставка.

Граѓаните со право се загрижени за своето здравје и со целосно право бараат преземање на итни мерки за намалување на загадувањето.

Груевски потроши 630 милиони евра за споменици а проблемот со загадувањето сеуште не е решен.

Итно е потребно да се преземат мерки, за граѓаните да почувствуваат намалување на загадувањето.

Бараме парите од непродуктивните “инвестиции“ веднаш да се пренаменат во субвенции за намалување на загадувањето, како на пример субвнеционирање на јавниот превоз.

На 24-ти април доаѓа големо пролетно чистење на валканите политики на Никола Груевски.

Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!

 

 

 

 

 

Последни вести