Народот ќе победи! Европска Македонија ќе победи!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Мицкоски и неговата организирана криминална група ВМРО не сакаат Македонија да влезе во Европската унија. Не затоа што не веруваат во Европа, туку затоа што се плашат од тоа што Европа го носи: независно судство, европско јавно обвинителство и одговорност за сите оние што ја ограбиле и ја уништиле државата.

Мицкоски дојде на власт со лаги. Лажеше за името, за Преспанскиот договор, за националните интереси.

Денес е јасно дека сите тие лаги беа само средство за доаѓање на власт.

Кога дојде време да се направат реални реформи, тој се повлече и почна да бара изговори.

Македонскиот народ јасно кажа што сака. Сака Европа.
Сака правда.
Сака да живее во нормална, достоинствена европска држава.

Но Мицкоски и неговата банда се плашат од тоа.
Затоа што за граѓаните Европа значи подобар живот и повеќе пари, висок животен стандард и силна економија поттикната од странски инвестиции и пристап до европскиот пазар.

Европа значи квалитетно европско образование, развојни програми за студентите и реални можности за младите да напредуваат дома, наместо да се иселуваат.
А за нив Европа значи крај на криминалните тендери и крај на неказнивоста.

Европа значи одговорност а одговорност е токму она од кое тие бегаат.

Додека може да се задолжува и додека има пари во буџетот, Мицкоски ќе продолжи да ја држи Македонија во изолација.
Но кога ќе му се затвори тој простор, ќе се појават нови изговори за предвремени избори, затоа што нема пари.

Мицкоски трага по алиби. Потребно му е за да продолжи со своите лаги.
Не може да признае дека ја уништил економијата на земјата. Не може да признае дека нема излез, па ќе се врати на старата националистичка кампања за „патриоти“ и „предавници“.

Само што овој пат народот знае. Веќе не е наивен.

Единствената вистина што ја кажа Мицкоски во сите овие години е кога рече дека „ВМРО е промакедонска партија“.

Тоа е точно.

Не може да бидеш македонска партија кога половина од твојата влада, министри, пратеници и нивните семејства се со бугарски државјанства и европски пасоши.

Едно е сигурно:
Народот ќе победи.
Народот сака европска Македонија.
И народот нема да дозволи една криминална група да ја украде неговата иднина.