Максим Димитриевски – платениот сателит кој зеде сè, а не даде ништо

Facebook
Twitter
LinkedIn

Максим Димитриевски нема право да зборува за Изборниот законик.

Човекот кој не донесе ништо, а зеде сè, пари, позиции, тендери и заштита од Мицкоски, сега се обидува да прави дефокус по команда на својот газда.

Максим е класичен сателит.

Создаден и финансиран од Мицкоски за да ја растури опозицијата и да ја штити криминалната група ВМРО.

Денес ЗНАМ повеќе не постои. Остана само Максим, кој сега се обидува да ја наплати својата услуга.

Народот веќе го нарекува „Максим по дивизија“ – човек кој работи за пари и прави токму она што ќе му се каже.

Затоа што ако зборуваше искрено, ќе мораше да признае зошто не може да се донесе Изборниот законик.

Не може да се донесе затоа што ВМРО и Мицкоски сакаат неконтролирано гласање на дијаспората, електронско или по пошта, без никаква вистинска контрола.

Сакаат да отворат врата за масовна изборна кражба, токму онака како што правеа и порано.

Максим исто така го поддржува тоа. Затоа што знае дека повеќе никој нема да гласа за него и за неговата банда.

Неконтролираното гласање му е последната надеж.

Максим Димитриевски, како и секој добар сателит, се обидува да ја сврти приказната.

Но вистината е едноставна:
Не е проблемот во СДСМ.

Проблемот е во Мицкоски и криминална организација ВМРО кои сакаат да крадат избори, а Максим е тука само за да им ја чисти патеката со дефокус и лаги.

Народот веќе знае кој е Максим и за што е создаден.

Народот ќе победи!
Европска Македонија ќе победи!