fbpx

Тужба до Управен поради незаконската одлука на стариот состав на ДИК

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ве известуваме дека СДСМ, преку дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, врз основа на член 48 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Влада ќе поднесе тужба до Управниот суд на РМ.

Со тужбата бараме поништување на одлуката на Државната изборна комисија со која е одлучено дека „Емисијата на државни хартии од вредност и државни записи од страна на министерството за финансии на домашен пазар не претставува акт или документ кој се однесува на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите“, па поради тоа не подлежи на согласност , односно одобрување од страна на Дополнителниот заменик министер.

Тужбата ја поднесуваме поради ненадлежност на актуелниот состав на ДИК, чиј мандат е истечен на 08.11.2015 година.

Исто така тужбата ја поднесуваме и поради тоа што самата одлука е целосно незаконски формулирана. Имено согласно Законот за јавен долг, член 18, задолжувањата со државни хартии од вредност се вршат како на домашен, така и на меѓународен пазар на капитал. Согласно истиот закон, задолжувањето се врши со емисија на краткорочни и долгорочни хартии од вредност.

Во самата одлука, ДИК третира и државни записи, кои во Законот за јавен долг, во делот на задолжување со издавање на државни хартии од вредност никаде не се споменуваат.

Не навлегувајќи во политичките причини за носењето на оваа одлука од страна на ДИК, тужбата ја поднесуваме поради ненадлежност на актуелниот состав на ДИК, како и поради тоа што истата е целосно правно нејасна за што всушност е одлучено.

СДСМ ќе ги искористи сите механизми за да спречи изборна корупција и злоупотреба на парите на граѓаните.

Скопје, 15.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести