fbpx

За три години „Курир “ остварил приходи од над 1,3 милиони евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Според официјалните документи од Централниот регистар, фирмата којашто се јавува како сопственик на „Курир“, за период од три години остварила вкупни приходи во висина од над 1,3 милиони евра.

Во 2012 година, приходите на „Курир“ биле околу 335 илјади евра, во 2013 растат на околу 412 илјади евра а во 2015 достигнуваат до околу 570 илјади евра. Тоа се над 1,3 милиони евра приход, само во овие три години!

Зошто „Курир“ со недели молчи на прашањето кој и на каков начин го финансира?

Со недели нема одговор ниту на прашањето што навистина е Курир, информативна агенција, интернет портал, агенција-партија?

Поврзаноста на фирмата сопственик на „Курир“ ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, со Сашо Мијалков, братучедот на Никола Груевски, преку фирмата НВСП отвори уште една димензија.

НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто во проектот Вистината за Македонија се покажа дека стои лично братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков.

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ.

Проектот Вистината за Македонија откри дека фирмата НВСП, кадешто сопственик е Владислав Стајковиќ, е дел од провизијата од 540 илјади евра што Сашо Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Во еден од објавените разговори помеѓу судиката Костовска и израелскиот посредник, таа ја споменува фирмата НВСП како фирма на којашто сметка би требало да легнат средствата.

Стајковиќ е близок и до Жарко Луковски, главниот извршен директор на Т-мобиле и кумашин на Сашо Мијалков. Токму Стајковиќ фигурира како директор во фирмата „Мобико“, каде што еден од сопствениците е Жарко Луковски.

Од 2014 година Владислав Стајковиќ е избран и за член на Надзорниот управен одбор на Државната видео-лотарија.

Наместо молк, јавноста со право очекува одговори на прашањата: кој и на каков начин го финансира „Курир“?

 

Скопје, 14.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести