fbpx

Продолжува традиционалната соработка на СДСМ Прилеп и Сојузот на борци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Во насока на продолжување на традиционалната соработка, раководството на ОО СДСМ Прилеп, оствари работна средба со ново избраниот претседател на Општинската организација на Сојузот на борци на Македонија од Прилеп.

На состанокот беше донесена заедничка констатација, дека во овие бурни и тешки времиња за Македонија, од особен интерес претставува взаемната поддршка на активностите за враќање на државата кон демократскиот пат.

ОО СДСМ Прилеп посебно се радува на сѐ поголемиот број млади поддржувачи на делото на борците од НОБ и нивниот историски придонес за слободата на Македонскиот народ.

Тоа е знак дека револуционерниот дух на градот Херој продолжува да живее. Тоа е нова надеж за враќањето на слободата и демократијата во Македонија во 21 век.

Градот на непокорот, градот на простумот, градот симбол на Македонското востание, веќе го најавува новото ослободување и порачува: ЗБОГУМ НИКОЛА!

 

15.12.2015
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп

 

Последни вести