fbpx

Граѓаните континуирано дишат отров

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Цела Македонија дише отров наместо чист воздух.

Според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во Скопје е 18 пати над дозволеното а во Тетово дури 20 пати над дозволеното.

Колку е голем скандалот со масакрирањето на 47 децениските дрва во кампусот на Универзитетот свети Кирил и Методиј во Скопје потврдуваат овие податоци кои покажуваат континуирано загаден воздух во главниот град.

Граѓаните на Скопје буквално се гушат од загаден воздух со огромни концентрации на канцерогени ПМ 10 честички.

Идентична е сосотјбата и во градовите низ Македонија. Во Битола и Велес канцерогените ПМ10 честички се 10, односно 8 пати над дозволената концетрација, додека во Кавадарци речиси 6 пати над границата.

Последиците од загадениот воздух по здравјето на граѓаните се сериозно опасни.

Според Светка банка Македонија е на прво место на листата по изложеност на граѓаните на загаден воздух со опасни, канцерогени цврсти честички. Тоа е најголема причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во земјава, поради разни болести на дишните патишта и рак.

Загадувањето е последица на погрешните политики на Никола Груевски кој потроши 630 милиони евра за споменици, троши 1 милион евра за ЛЕД телевизори, 600 илјади евра за мерцедес.

Груевски 10 години мисли на тендерите за богатење на фамилијата додека граѓаните во Македонија се гушат во нечист воздух.

На 24-ти април доаѓа големо пролетно чистење на валканите политики на Никола Груевски. Извршителот на Груевски, Коце Трајановски нека не го чека 24-ти април туку веднаш да поднесе оставка!

Граѓаните имаат идеја: збогум Никола и збогум на твоето корумпирано друштво!

Скопје, 15.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести