Соопштение за јавност
Никола Груевски кој потроши 630 милиони евра за споменици, зборува за виртуелни 150 милиони евра во здравството што треба да се реализираат ВО ИДНИНА.
За која иднина зборува Никола Груевски кој брои денови до своето заминување?
Да се откажеше Никола Груевски од само неколку споменици, овие 150 милиони евра за здравството немаше да бидат виртуелни.
Да се откажеше Груевски од само еден споменик, досега ќе беше изградена болницата Козле што ја задоцни 4 години.
Да го интересираа Груевски болните деца, родителите и лекарите, немаше да ги остави во руинираните соби ни 4 дена, а не 4 години.
За Никола Груевски беше поприоритетно партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ тешко меѓу 15 и 30 милиони евра, наместо да обезбеди 7 милиони евра за децата со белодробни заболувања.
Груевски кој го донесе здравствениот систем до колапс, после 10 годишна узурпација на власта, без образ се слика со црвени ленти и зборува за виртуелна модернизација што постои само во неговата глава.
Во реалноста, ПЕТ Центарот за рано дијагностицирање малигни заболувања за којшто зборува Никола Груевски од 2011 година, сеуште не е отворен.
Клиничката болница во Штип што ја вети Груевски од почетокот на мандатот од 2006 годиниа сеуште ја нема.
Новиот Клинички центар во Скопје што им го вети Груевски на граѓаните во 2012 година, го нема.
Но има милионски тендери за што единствено е заинтересиран Груевски.
И има ординации полни со влага на Нефрологија поради што на минусни температури се прегледуваат пациенти со отворен прозор.
Неисправни холтери на Кардиологија за пациентите, со што се загрозува нивното здравје.
Луѓе кои крварат и сами одат да си купат завој.
Новоороденчиња кои умираат поради тоа што во 21 век нивните мајки немале матичен гинеколог!
Никола Груевски им одзеде 10 години живот на граѓаните на Македонија.
Груевски нема само да си замине. Груевски за ова ќе одговара!
Збогум Никола!
Скопје, 14.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА