Соопштение за јавност
Претседателката на ПЕС жени Зита Гурмаи денеска се сретна со Координаторката на Форум на Жени на СДСМ, Цветанка Ласкова при што изрази силна поддршката за кампањата Сина Панделка – борба против родово базирано насилство.
Гурмаи утре ќе присуствува и ќе говори на завршната конференција во рамки на кампањата Сина Панделка –борба против родово базирано насилство.
Форумот на жени на СДСМ со завршната конференција го означува крајот на 16 денови женски активизам – Сина Панделка во кои што беа реализирани шест регионални трибини ширум Македонија во соработка со граѓанскиот сектор.
Завршната конференција ќе се одржи во Сабота (12.12.2015) во хотелот Александар палас со почеток во 10:30 часот.