fbpx

Дали Груевски е среќен поради иселувањето на младите?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски толку е надвор од реалноста што почна да се радува на маката на граѓаните.

Дали Груевски е среќен поради иселувањето на младите и вработувањата на граѓаните од Македонија во странство? Надвор од границите на Македонија, дипломираните инженери, економисти, правници, се принудени да работат и како келнери. На тие ли вработувања се радува Груевски?

Во реалноста, над 180.000 граѓани во Македонија живеат со по 40 денари на ден.

Во реалноста, далеку од виртуелниот свет на Груевски, над 500.000 граѓани во Македонија живеат на работ на сиромаштијата.

Секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка а затворени се над 10.000 фирми.

Македонија е на дното по странски инвестиции во Европа.

Според податоците на Народна банка само 8,5 милиони евра странски инвестиции влегле во Македонија во третиот квартал од оваа година.

Фондот за ПИОМ е празен. Милионската дупка на Фондот за пензинско и инвалидско осигурување којашто расте покажува дека придонесите за плати не се плаќаат.

Впрочем, Никола Груевски и официјално призна целосен пораз на сите економски политики во изминатите години. Без постојано задолжување на граѓаните не може да се исплатат ниту плати ниту пензии.

Додека граѓаните осиромашуваат и немаат пари да го преживат месецот Никола Груевски бил среќен. Сигурно Груевски мислел на парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари штом толкав наплив на среќа го обземало.

Граѓаните го знаат лажното, корумпирано и лицемерно лице на човекот кој ја опустоши Македонија. Тоа е лицето на Никола Груевски.

Затоа граѓаните порачуваат: збогум Никола!

Скопје, 11.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести