Мицкоски им порача на судиите „пари нема да добиете“ – ова е директно политичко влијание врз правосудството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски им порача на судиите „пари нема да добиете“. Оваа изјава е јасен сигнал за политичко влијание врз правосудниот систем.

Мицкоски очигледно смета дека судството и обвинителството треба да функционираат како „juke box“, тој нарачува, а институциите треба да свират.

Кога не свират според неговата желба, следува притисок, јавни најави за истраги и финансиски закани.

Ова е истата пракса која ја користи со месеци: од собраниската говорница и преку медиумите јавно нарачува процеси и по телефон дава наредби.

Најавува истраги и врши притисок врз обвинителите и судиите.

Мицкоски сака да го надмине Сваровски судството на Груевски со целосна контрола на обвинителството и судството во земјата.

Сега, кога станува збор за плати и ресурси, повторно користи финансиски притисок за да ја покаже својата моќ.

Ваквото однесување е директно кршење на принципот на независност на судството.

Европската комисија во својот извештај за владеење на правото јасно предупредува дека постои „мешање и притисок врз судството и обвинителството од страна на претставници на власта“, како и дека „измените на Кривичниот законик повторно создаваат простор за неказнивост“.

Токму затоа Мицкоски и ВМРО-ОКГ не сакаат Европска унија.

Кога ќе има независно судство и Европско јавно обвинителство, секој од организираната криминална група мора да одговара. Прво Мицкоски, а потоа и целата негова криминална структура тоа не го сакаат и од тоа се плашат.

Граѓаните заслужуваат правосудство кое работи според закон, а не според наредби и финансиски притисоци од премиерот.

Време е да се престане со оваа опасна игра на контрола врз институциите.