Срам за Скопје – коњ со пет нозе на Орце и ВМРО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Град Скопје под ВМРО-ОКГ и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја започна кампањата за наводно „разубавување“ на влезот во градот.

Резултатот е срамен: коњот Букефал е насликан со пет нозе, воинот наликува на лик од цртан филм, а целата слика е генеричка и без никаква врска со реално Скопје.

Ова не е прв пат ВМРО да го унаказува главниот град.

Познато е дека токму ВМРО, преку проектот „Скопје 2014“, го обезличи градот со стотици споменици, фасади од стиропор и лавови кои немаа никаква историска или естетска вредност.

Сега, наместо вистинско уредување и инвестиции, добиваме уште една кампања со AI-генерирани слики.

Наместо реални резултати, ВМРО-ОКГ и Орце постојано прават кампањи. Сè е кампања, а резултати нема.

Наместо да се вложува во квалитетна инфраструктура, чистота, нови автобуси, уредување на градот, граѓаните добиваат уште еден симбол на аматеризам и срам.

Особено е понижувачки што ова се случува во летната туристичка сезона, кога бројот на странски посетители е зголемен.

Наместо да се покаже уреден и достоинствен град, туристите на влезот во Скопје добиваат слика која повеќе наликува на лоша шега отколку на репрезентација на главниот град.

ВМРО-ОКГ и Орце Ѓорѓиевски продолжуваат со истата пракса: кампањи наместо резултати.

Главниот град заслужува подобро, скопјани заслужуваат подобро.