Мицкоски најави намалување на акцизи а цените на горивата повторно растат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски вчера најави намалување на акцизите поради растот на цената на нафтата. Веќе денеска се очекува ново поскапување на горивата.

Ова е уште еден доказ за реактивната и неуспешна економска политика на ВМРО-ОКГ.

Мицкоски и неговата влада постојано доцнат со мерките. Кога цените веќе скокнаа до плафон, тогаш излегуваат со најави за намалување на акцизи. Но, и тоа доаѓа предоцна.

Само кај Мицкоски секоја мерка наместо да ги намали цените, ги зголемува или нема никаков ефект.

Наместо да ги прифати предлозите на СДСМ за навремени и системски мерки за заштита на граѓаните од поскапувањата, ВМРО-ОКГ одбиваше да реагира – било намерно, било од незнаење и неспособност.

Резултатот е ист: цените на горивата, храната и основните производи постојано растат, а граѓаните плаќаат највисока цена.

Ова е систематска политика на Мицкоски и организираната криминална група ВМРО која доведе до економски колапс.

Наместо превентивни мерки и заштита на стандардот на граѓаните, добиваме доцни реакции и празни најави кои не ја решаваат кризата.

Граѓаните живеат во страв по секоја мерка на Мицкоски. Можат само да очекуваат нови поскапувања од ден на ден, додека ВМРО-ОКГ продолжува со истата политика на доцнење и неуспех.