Денес граѓаните кои тргнаа на одмор можат на своја кожа да осетат видат политиката на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
Додека точат гориво на пумпите и стојат во редици со повеќе колони со часови на границата со Грција, јасно им станува дека зборот „изолација“ не е празна фраза.
Ова е директна последица на политиката на ВМРО-ОКГ.
Наместо да се отвори европскиот пат и да се олесни движењето на граѓаните, тие свесно ја држат Македонија во изолација.
Резултатот е видлив секој летен ден – илјадници граѓани заглавени на граница, изгубени часови, исцрпени семејства и деца.
Во исто време, Мицкоски и целата ВМРО-ОКГ со нивните семејства имаат посебен граничен премин.
Тие поседуваат бугарски пасоши и патуваат како граѓани на Европската унија. Државниот авион, купен со парите на граѓаните, за нив веќе функционира како приватен.
Затоа и сакаа да купат уште еден нов авион. Многумина од нив имаат бугарски пасоши, па треба слободно да патуваат со авион.
Мицкоски на море не може да оди поинаку – колената го болат од клечењето и лажните ветувања со кои дојде на власт.
Додека обичниот граѓанин тешко врзува крај со крај, овие „патриоти“ уживаат во привилегиите што сами си ги обезбедиле.
Едни чекаат по 8-10 часа на граница, други летаат со државен авион и поминуваат на посебен премин.
Затоа е важно да се каже јасно: Европа, а не изолација и криминална група на власт.
Изолацијата не е само политички концепт, таа е реалност која граѓаните ја плаќаат секој ден, секое лето, на секоја граница.


