fbpx

Тодоров да ја најави својата оставка

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Соопштение за јавност

Миленичето на Груевски, Никола Тодоров попусто се растрчал пред избори по заборавените скопски поликлиники.

После хаосот што го направи во здравствениот систем Никола Тодоров нема ама баш никаков кредибилитет било што да најавува освен својата оставка.

Министерот, синоним за хаос, кој јавно призна дека не чуствува морална одговорност, безобразно продолжува да манипулира со граѓаните.

Граѓаните со години чекаат да профункционираат дел од поликлиниките во Скопје.

Дел од нив со години се нефункционални, без потребните апарати и соодветни услуги.

На пример, зошто Тодоров не се сликаше во поликлиниката во Бутел? Заради тоа што местото кадешто треба да се лекуваат луѓе ни одалеку не личи на поликлиника. Барака којашто се распаѓа. Нема ниту санитарни чворови, а не пак интернисти, ренген, лабораторија, вакцини.

Пациентите и понатака се лекуваат во ненормални услови а притоа се приморани да бараат здравствени услуги оддалечени километри од нивните домови.

Никола Тодоров не реши ниту еден од горливите проблеми со коишто се соочува здравствениот систем во Република Македонија. Напротив, Тодоров ги создава проблемите.

Министерот синоним за хаос е причина поради којашто 200 лекари годишно ја напуштаат земјава.

По 24-ти април следува чистење на валканите политики на Никола Груевски коишто го загрозија здравјето на граѓаните.

Збогум Никола!

Скопје, 09.12.2015      
         
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА