Соопштение за јавност
Покрај тоа што речиси секојдневно се потврдуваат лагите на медиумските курири тие упорно објавуваат нови.
„Курир“ пред пет дена ги призна грубите лаги и му се извини на потпретседателот на СДСМ и дополнителен заменик министер за информатичко општество, Александар Кирацовски.
Извинувањата од куририте се само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите под своја контрола постојано води медиумски хајки против сите што се спротивставуваат на погрешните политики на Никола Груевски.
Се докажа дека континуираните медиумски хајки на власта се само невистини, измислици, и ништо друго.
Очигледна е нервозата кај Никола Груевски и неговите медиумски курири со што покажуваат дека најголем страв имаат од вистината.
Професионалните и етичките новинарски стандарди подразбираат непристрасно, објективно, транспарентно и навремено информирање на граѓаните.
Но, Груевски сака да постојат само „Курир“ и куририте што ги читаат на телевизија виртуелните вести и лагите објавени од ова гласило. Се што е поврзано со вистината медиумските курири имаат задача да го блокираат.
Затоа не се пренесуваат ставови на граѓани, здруженија, политички партии и експерти коишто се критични за Никола Груевски и неговите погрешни политики.
Затоа воопшто не се пренесуваат ниту официјални прес конференции на државните институции и министерствата на коишто се објавени сериозни злоупотреби од страна на ВРМО-ДПМНЕ.
Ваквото однесување на медиумските курири е една од причините што и Европската Комисија бара регулација на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор.
СДСМ ќе ги врати слободата во општеството и слободата во медиумите.
По 24-ти април и победата на СДСМ, медиумите во Македонија ќе бидат слободни!
Скопје, 08.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА