fbpx

ВМРО-ДПМНЕ призна целосна неспособност околу загадувањето

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски не знаат што да им одговорат на граѓаните коишто дишат отров наместо чист воздух.

ВМРО-ДПМНЕ зборува за некакви проекти а граѓаните со денови дишат отров, Македонија е во врвот на земјите со загаденост на воздухот.

Според истражувањето на Numbeo, најголемата светска датабаза на податоци за градовите и земјите ширум светот, Македонија е второ место според моменталната состојба на загаден воздух во Европа.

Што чекаше Никола Груевски 10 години? Зошто не го реши проблемот со загадувањето?

Никола Груевски им одзема 10 години живот на граѓаните, потроши 630 милиони евра за споменици а ништо не превзема за да се реши проблемот со загадувањето.

Покрај хаосот во здравството, што го создадоа Никола Тодоров и Никола Груевски, загадениот воздух е дополнителна закана за здравјето на граѓаните.

Граѓаните знаат дека загадувањето на воздухот е последица на погрешните политики на Никола Груевски.

На 24-ти април доаѓа големо пролетно чистење на валканите политики на Никола Груевски.

Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!

Скопје, 09.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести