Соопштение за јавност
Претседателот на СДММ, воедно и пратеник, Стефан Богоев, учествува на дводневниот состанок во Брисел во организација на Младите Европски Социјалисти (YES/Young European Socialists).
Се дебатира за положбата на младите, економско-социјалната и политичка ситуација во Европа. Младите лидери имаа работни состаноци во Европскиот Парламент и во Социјалдемократската партија на Белгија.
Богоев имаше обраќање во Европскиот Парламент, во кое говореше за ситуацијата на младите во Македонија, клучните младински проблеми како младинската невработеност, која изнесува високи 53% според Светска Банка и иселувањето на млади. СДСМ се залага за подобрување на студентскиот стандард и има мерки во Програмата кои овозможуваат достоинствен живот на младите.
“Младите во Македонија се решителни. Не поминуваат повеќе ефтините трикови за манипулирање пред избори и нивно потценување. Во Република Македонија постојат голем број на млади, образовани луѓе кои чекаат шанса да се докажат. После победата во април, младите ќе ја менуваат суровата реалност, заедно, сите млади, ќе градиме иднина дома, ќе градиме едно општество за сите!”
Богоев се осврна и на политичката ситуација во Македонија. Вистината за Македонија откри дека над 20 илјади граѓани биле незаконски прислушкувани (граѓани, опозициски политичари, новинари, претставници на НВО секторот, верски заедници, министри, градоначалници). Сите слушнавме за корупцијата во врвот на власта, изборниот фалсификат, партизираното судство и контролираните медиуми.
Богоев потенцираше дека и во Извештајот на Европската комисија се потврдува вистинитоста на прислушкуваните разговори.
Исто така, Богоев се заблагодари на високите претставници од Партијата на европски социјалисти, европарламентарци и до Младите Европски Социјалисти за континуираната поддршка што ја даваат на Република Македонија за конечно враќање на слободата и демократијата.