Мицкоски го ослободи и го плати – Драган Павловиќ Латас, началник за валкани медиумски операции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Познатиот „началник“ за специјални медиумски операции на Груевски и Мијалков, денес во служба на Христијан Мицкоски, го напаѓа д-р Венко Филипче, еден од најугледните неврохирурзи во Македонија, затоа што не може да го прикрие учеството на ВМРО во прикривањето на труењето на граѓаните во Гостивар.

Драган Павловиќ Латас, човекот кој со години работи за српските и руските служби, денеска слободно ја води антимакедонската пропаганда преку медиумите на ВМРО-ОКГ.

Благодарение на Христијан Мицкоски, овој медиумски криминалец, манипулатор и платеник на странски служби, денеска не само што е ослободен од одговорност, туку и дебело се плаќа со парите на македонските граѓани.

Латас не е обичен новинар. Тој е човек кој во својата кариера имал задача да ја запали Американската амбасада во Скопје, за да се создаде хаос и Македонија да стане жариште на Балканот во интерес на „српскиот свет“.

Бил дел од тимот за медиумска поддршка во 2017 на луѓето кои организира насилство во Собранието, со цел да се спречи формирањето на новата влада. Заедно со Живаљевиќ, тогашниот началник на БИА и претставник во Амбасадата на Србија, ги координираше активностите на 27 април.

Преку Никола Груевски добил повеќе хектари државно земјиште. И денес продолжува да работи за Александар Вучиќ и неговата БИА, отворено застапувајќи српски и руски интереси во Македонија.

Сега, со благослов на Мицкоски, Латас е главниот уредник и стратег на орбаново-вмровската медиумска машина.

Тој е оној кој секојдневно шири лаги против СДСМ и лично против претседателот д-р Венко Филипче.

Тој е оној кој без срам ги злоупотребува семејствата на настраданите од Ковид пандемијата и во модуларната болница за политички поени на ВМРО-ОКГ.

Овој ист човек, кој во „бомбите“ беше слушнат како координатор на нечесни и болни кампањи, денеска со државни пари ја води највалканата пропаганда против Македонија и нејзините граѓани.

Мицкоски не само што го ослободи од одговорност, туку и го постави на позиција од која преку агенции и медиуми се трошат милиони евра од буџетот.

Кога ВМРО-ОКГ нема одговор за труењето на целиот град Гостивар, повторно го повикува Латас да ја „реши“ работата со нови лаги и напади.

Ова е вистинското лице на Мицкоски и неговата криминална организација.

Тие не ги ослободуваат и не ги плаќаат луѓето кои работат за Македонија. Тие ги штитат и ги богатат оние кои работат против неа.

Драган Павловиќ Латас – Началникот, е само еден од симболите на оваа политика.

Има уште многу такви. И сите се на платниот список на Мицкоски.