Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, при денешната посета во Гостивар, предупреди дека и покрај сериозната здравствена криза предизвикана од епидемијата, јавноста нема одговор на едно од најважните прашања – кој сега, во моментов ја менаџира состојбата со водоснабдувањето и кој ја презема одговорноста за заштита на граѓаните.
Филипче посочи дека наместо јасен систем за управување со кризата, институциите оставаат бројни неодговорени прашања кои директно се однесуваат на здравјето на граѓаните.
„За периодот денеска и во следните денови, кој сега ја менаџира состојбата, кога нема директор на јавното претпријатие? Како сега функционираат рестораните, со каква вода се мијат чиниите, приборот за јадење. Каква вода се користат рестораните во кои што има масовни собери, а тоа се свадби. Многу атрактивни во овој период. Гледаме дека е забранета водата за користење, има некоја препорака да се користи техничка вода. Која е таа техничка вода? Од каде рестораните ја носат? Од каде граѓаните ја носат и ја користат? Кој ја проверил таа техничка вода? “, праша Филипче.
Во изјавата Филипче нагласи дека јавноста има право да знае зошто здравствените власти не реагирале навреме, иако постоеле јасни сигнали дека состојбата се влошува.
„Зошто квалитетот на водата, Центарот за јавно здравје, не го испитувал секој ден? Понатаму, зошто кога се случил наплив на пациенти во болницата, не се истражило добро на што се должи тој зголемен број на пациенти во болницата, па можело уште порано да се реагира. Зошто ништо не се направило од страна на здравствените власти да се изменаџира прашањето епидемиолошки, да се анализира од каде доаѓаат симптомите, на што тие се должат“, рече Филипче.
Тој додаде дека нестручното менаџирање на кризата може да доведе до уште посериозни последици по јавното здравје, доколку продолжи користењето на неисправна вода.
„Ако и сега се користи неисправна вода, се заканува уште по голема опасност, а тоа е труење со храна. Поради тоа што ако храната не се мие и не се третира соодветно, има труење со храна. Следно, болеста на нечисти раце, хепатит А. Ако сега повторно се користи неисправна храна, има ризикот од нова болест, нова епидемија. Тоа се прашања од јавен карактар, од јавен интерес“, рече Филипче.
Линк до видео:

