Соопштение за јавност
Толку е загубена ВМРО-ДПМНЕ во нереален, виртуелен свет што за нив темата со енормното загадување на воздухот е “несериозна“ и за „дебата пред маалска кооперација“.
Граѓаните денеска и официјално слушнаа што мисли ВМРО-ДПМНЕ за енормно загадениот воздух.
За ВМРО-ДПМНЕ загрозувањето на здравјето на граѓаните е несериозна тема.
Ете толку мисли ВМРО-ДПМНЕ на здравјето на граѓаните.
Извештаите на Светска банка посочуваат дека поради огромната изложеност на граѓаните во Македонија на загаден воздух и канцерогени честички годишно има 1.350 смртни случаи.
Се тоа за ВМРО-ДПМНЕ е неважно!
Да. За ВМРО-ДПМНЕ здравјето на граѓаните не е важно. Тоа граѓаните многу добро го знаат. За ВМРО-ДПМНЕ се важни само тендерите, парцелите, провизиите од потрошените 630 милиони евра за споменици.
Без и идеи и со поразителни резултати на економски, политички и меѓународен план, ВМРО-ДПМНЕ нема што да им понуди на граѓаните. Затоа продолжува да ги навредува.
На 24-ти април доаѓа големо пролетно чистење на валканите политики на Никола Груевски.
Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!
Скопје, 08.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА