Соопштение за јавност
Мизерно и крајно лицемерно е Зоран Ставрески да говори за враќање на долгови.
Досега Ставрески ги задолжи граѓаните со три еврообврзници во вредност од 1 милијарда евра а постојано говори дека се за враќање на еврообврзница од 150 милиони евра.
Зошто Ставрески и Груевски досега не вратиле 150 милиони евра? За што ги потрошиле парите? За мерцедес? За очила? За споменици?
Дополнително голема штета за граѓаните Ставрески предизвика со тоа што за една од овие 3 еврообврзници каматата беше огромна, 10%.
Дополнително, се враќа обврзница со камата од 4,625% а за новата еврообврзница каматата е 5,125%.
Само расипничката политика на кумашините Ставрески и Груевски може да ги задолжува граѓаните поскапо за да врати поевтино.
Друго не ни може да се очекува од човекот познат по шемите „немаме за леб а трошиме за чоколадо“ и зборовите од типот „ние сме лудаци“.
Груевски и Ставрески јавно признаа дека без постојано да ги задолжуваат граѓаните и државата не можат да исплатат плати и пензии, иако граѓаните тешко си ги заработиле, дека не можат да исплатат субвенции, поврат на ДДВ…
Тоа е клучна карактеристичка на расипничка и неодговорна власт.
Тоа е одлика на презадолжена влада којашто ја турка земјава во банкрот.
Затоа граѓаните имаат идеја: збогум Никола и збогум на твоето друштво!
Скопје, 08.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА