Граѓаните со денови дишат отров наместо чист воздух

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Мерните станици континуирано, со денови покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија, како во вечерните така и во утринските часови.

Според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во Скопје изнесува речиси 8 пати над дозволеното.

Во Кичево и Тетово канцерогените ПМ10 честички се 7, односно за 8 пати над дозволената концетрација, додека во Битола речиси 6 пати над границата.

Последиците од загадениот воздух по здравјето на граѓаните се сериозно опасни.

Според Светка банка Македонија е на прво место на листата по изложеност на граѓаните на загаден воздух со опасни, канцерогени цврсти честички. Тоа е најголема причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во земјава, поради разни болести на дишните патишта и рак.

Загадувањето е последица на погрешните политики на Никола Груевски којшто мислеше само на провизиите од тендерите, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра и богатењето на фамилијата.

Груевски потроши 630 милиони евра за споменици, 1 милион евра за ЛЕД телевизори а граѓаните во Македонија се гушат во нечист воздух.

Скопје, 08.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА