Соопштение за јавност
ВМРО-ОКГ повторно ја примени најпознатата техника: кога немаат што да одговорат на фактите, го напаѓаат проф д-р Венко Филипче.
Венко Филипче објави документи кои покажуваат дека во болницата за белодробни заболувања во Лешок е утврдена загадена вода со колиформни бактерии.
Анализата е од Мај оваа година. И покрај тоа, надлежните институции не презеле соодветни мерки.
Ова е трет случај во краток период од вкупно 4:
• Гостивар – масовно труење
• Валандово – арсен во водата
• Крушево – бактерии од црвено потекло во водата
• Лешок – загадена вода во болницата
Наместо да објаснат зошто пациенти во болница се изложени на ризик, зошто институциите не реагирале и кој сноси одговорност, од ВМРО одговорија со напад: „Филипче нема кредибилитет“.
Ова е класичен модел на Латасово – Гебелсовата пропаганда.
Кога ќе се открие проблем што е актуелен сега, под нивна власт, тие се обидуваат да го префрлат фокусот.
Не одговараат на прашањата што се поставени денес, туку го напаѓаат оној кој ги поставува.
Прашањата остануваат исти и непроменети:
• Зошто во болница има загадена вода?
• Зошто по откривањето не се преземени итни мерки?
• Кој ќе сноси одговорност за тоа што пациентите биле изложени на ризик?
Граѓаните бараат одговори и одговорност за тоа што се случува денес.
Организираната криминална група ВМРО, повторно покажа дека нема намера да даде одговор.


