Соопштение за јавност
По Гостивар, Валандово и болницата во Лешок – сега и Крушево.
Водата е бактериолошки неисправна за пиење.
За само неколку денови имаме четири случаи на загадена вода за пиење.
Колку градови уште пијат неисправна вода, а јавноста не е информирана?
Додека Мицкоски свечено отвора базен во Кавадарци, половина Македонија нема безбедна вода за пиење.
За две години оваа власт успеа да ја потоне економијата. Сега изгледа дека граѓаните се дават и во отров.
Дали некој воопшто ќе ја провери водата во базенот што го отвораат со орбанови-кинески пари?
Или и таму важат истите стандарди како во Гостивар, Валандово, Лешок и Крушево?
Ова не е низа од несреќни локални инциденти. Ова е системски колапс. Последица на нестручност и незнаење на кадарот што го поставија.
Кога директор на Фондот за здравствено осигурување е човек чие образование е тренер, тогаш е јасно какви кадри се поставени и на другите клучни позиции.
Мицкоски ќе остане запаметен како трујачот на Македонија.
Прашањето повеќе не е дали има проблем, прашањето е: кој град е следен на ред?


