Соопштение за јавност
Денеска лекарите специјализанти на УКИМ испратија петиција до Никола Тодоров поради лошата состојба во којашто се наоѓаат.
„Во денешно време срамота е за една современа земја која тежнее да стане ЕУ членка вака да ги третира своите лекари специјализанти, на најдолното општествено скалило“ велат лекарите, специјализанти во петицијата до Тодоров.
Со тоа и лекарите потврдија дека каде и да оди неспособниот Тодоров создава хаос.
Болниците личат на место од хорор филмовите, а за Груевски и неговото милениче Тодоров поважни се тендерите и матните зделки отколку здравјето на граѓаните.
Само во виртуелниот свет на Никола Груевски пренесен од медиумите под негова контрола, неспособниот Никола Тодоров може да зборува за виртуелно решавање на проблемот на лекарите.
Во реалноста само надвор од границите на Македонија има повеќе лекари. Дури 200 лекари годишно бегаат од земјава, благодарение на Никола Тодоров.
Затоа граѓаните имаат идеја: збогум Никола и збогум за твоето корумпирано друштво!
Скопје, 07.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА