Соопштение за јавност
Додека Никола Груевски се расфрла со виртуелни вработувања, во реалноста граѓаните, пред се младите, масовно се иселуваат од Македонија.
Груевски не може да зборува за реални вработувања освен ако мисли за вработувања на граѓаните од Македонија ама во странство.
Според податоците на Светска банка 626.312 граѓани се иселиле од Македонија, најголем број млади, образовани луѓе.
Секој втор млад човек сака да замине од Македонија поради невработеност и нискиот стандард.
Последната студија на Фондацијата Фридрих Еберт покажува дека 50% од младите сакаат да ја напуштат земјава а дури 71% се незадоволни од економската и финансиската ситуација.
Во реалноста, над 180.000 граѓани во Македонија живеат со по 40 денари на ден.
Во реалноста, далеку од виртуелниот свет на Груевски, над 500.000 граѓани во Македонија живеат на работ на сиромаштијата.
Секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка а затворени се над 10.000 фирми.
Македонија е на дното по странски инвестиции во Европа.
Според податоците на Народна банка само 8,5 милиони евра странски инвестиции влегле во Македонија во третиот квартал од оваа година.
Фондот за ПИОМ е празен. Милионската дупка на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување којашто расте покажува дека придонесите за плати не се плаќаат.
Впрочем, Никола Груевски и официјално призна целосен пораз на сите економски политики во изминатите години. Без постојано задолжување на граѓаните не може да се исплатат ниту плати ниту пензии.
Затоа граѓаните не му веруваат на Никола Груевски и неговите виртуелни вработувања и виртуелни инвестиции коишто не постојат.
Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!
Скопје, 07.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА