Мицкоски ја отру Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Денеска граѓаните конечно сфатија – Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО не ја труеа земјава само со омразата и лагите кои ги сеат со години. Денеска граѓаните видоа дека им ја отруја и водата. Најосновната животна потреба.

Во дури пет градови, Гостивар, Валандово, Крушево, Лешок, …

Со години ги труеја луѓето со лажни вести и пропаганда.

Ги вадеа и ги воскреснуваат луѓето од мрачното доба на Груевски – како Латас.

Правеа поделби на „предавници“ и „патриоти“, додека самите ја издадоа Македонија земајќи бугарски државјанства за себе и своите семејства. И тоа не им беше доволно, отворија и бизниси во Бугарија.

Со нив младите немаат иднина. Работниците немаат можност за нормални плати. Пензионерите немаат достоинствени пензии.

Од ден на ден на сите им станува јасно: пропагандата, доаѓањето на власт со лаги и владеењето со лаги денеска е завршено.

Мораше да се случи труење на водата – најосновната човечка потреба, за луѓето да ги отворат очите и да ја видат оваа криминална група на дело.

Поточно, на не-дело.

И надворешната политика и дипломатијата, после сите докази, станаа јасни на сите.

Сиљановска, Мицкоски, Тимчо Муцунски – сите го потврдија токму она што СДСМ го говореше со месеци.

Криминалот и корупцијата повеќе не можат да останат невидливи.

Незнаењето и неспособноста повеќе не можат да останат незабележани.

Дојде денот кога паднаа сите маски.

Мицкоски и ВМРО го покажаа своето вистинско лице.