Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска соопшти дека за детектирање на белата пена во Лепенец пуштил дрон.
Човекот што не може да направи билборд без грешка, сега со дрон од воздух ќе го открие загадувањето на Лепенец и Вардар.
Прво вештачка интелигенција за билборд.
Сега дрон, за пена во река.
Додека граѓаните во пет града не смеат да ја пијат водата, а во Скопје тече синтетичка пена, власта и градоначалникот се натпреваруваат кој ќе употреби поскапа играчка.
Можеби следно ќе лансираат сателит.
Или ќе ја ангажираат НАСА да ја напише стратегијата за чисти реки.
Проблемот не е во технологијата. Проблемот е во тоа што овие луѓе не знаат ни основни работи да завршат, а глумат дека ќе решат еколошка катастрофа.

